OHRID Institute
shadow
 

 

adobe

oi blog

oi_on_facebook

 

EICEE

f2t

NATO ARW

map-09-link

ipri

news events gallery

Индекс за перцепција на корупцијата 2009

Според Извештајот на Transparency International Република Македонија се наоѓа на 71-то место во Индексот за перцепција на корупцијата. Имено, Македонија забележа благо поместување од 0,2 поени на ранг листата на индексот за перцепција на корупцијата за 2009 година и се наоѓа на 71-то место што е за една позиција погоре во однос на лани. Ова го покажа извештајот на Transparency International за 2009 година, е презентиран во сите земји членки на оваа организација. Во истражувањето се опфатени 180 земји, а Македонија во однос на бодувањето е во друштво со Бугарија, Грција и Романија. повеќе...

JCR ја оцени Македонија

Јапонската кредитна агенција JCR (Japan Credit Rating Agency) даде позитивна прогноза за кредитниот рејтинг на Македонија, соопшти во вторник министерството за финансии. JCR ја оцени Македонија со ББ+ со стабилен изглед, односно ги потврди очекувањата на „Standard&Poors“ за одржување на актуелната кредитна способност на земјата во иднина. повеќе...

Индекс на Просперитет 2009

Во Лондон е објавена најновата студија за тоа каде во светот најдобро се живее. Угледниот „Лигатум Институт“ состави листа од 104 држави, откако претходно изанализирал повеќе нивни економски и социјални параметри. Финска е најпросперитетната земја во светот, втора е Швајцарија, па Скандинавските земји, а првата десетка на листата ја заокружуваат Австралија, Канада, Холандија, САД и Нов Зеланд. повеќе...

Препорака за преговори со ЕУ

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД со гордост објавува дека Европската комисија на 14 октомври 2009 година препорача отворање на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија. Земјата оствари уверлив напредок и суштински се осврна на клучните реформски приоритети коишто во нивниот жаргон се нарекуваат 8 плус 1 одредница. Комисијата смета дека земјата ги задоволува критериумите од Копенхаген и овие елементи овозможија да препорача преговори за членство. Во Извештајот, подготвен врз основа на постигнувањата по одредниците и без дополнителни условувања, се посочува дека Македонија направи значаен напредок во исполнувањето на клучните приоритети и ги исполни обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Се нотира прогресот што го направи земјата во исполнувањето на осумте одредници, но и областите каде се уште нема доволен напредок. Меѓудругото, во однос на економските критериуми, Европската Комисија оценува дека Македонија напредува кон воспоставување целосна функционална пазарна економија. Македонија стана кандидат за членство во ЕУ во декември 2005 година. Кандидатски статус имаат и Хрватска и Турција, а потенцијални кандидати се Албанија, БиХ, Србија, Црна Гора и Косово. Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД со своите иницијативи, проекти и активности имплементирани во текот на изминатите години значително придонесе кон овој процес. Имено, Институтот ОХРИД преку своите проекти активно работеше на забрзувањето на имплементацијата на одредниците пропишани од страна на Европската комисија

Стандард&Пурс

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД, Скопје го најавува најновото рангирање на Агенцијата за кредитни рејтинзи Стандард & Пурс. Имено, Стандард&Пурс ја подигна од „негативна“ на „стабилна“ прогнозата за идните движења на кредитните рејтинзи на Македонија. Стандард&Пурс истовремено ги потврди важечките кредитни рејтинзи за Македонија. Агенцијата го потврди кредитниот рејтинг на Македонија за краткорочно и долгорочно задолжување во странска валута на ББ/Б и рејтингот за задолжување во домашна валута на ББ+/Б. повеќе...

Водење бизнинс 2010

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД, Скопје ја има честа да објави дека Република Македонија се движи во нагорна насока според Индексот на Светска банка Doing Business 2010. Имено, Република Македонија е рангирана на 32 место на листата на Светска банка Doing Business 2010, меѓу 183 држави и оствари скок од 37 места во однос на лани, кога беше на 69-та. повеќе...

Индекс на економска конкурентност 2009-2010

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД, Скопје ја има честа да објави дека македонската економија се движи во нагорна насока и станува поконкурентна. Имено, Република Македонија го подобри својот рејтинг и од вкупно 133 земји се најде на 84. место, со индекс 3,95, на компаративната листа на најконкурентни економии за 2009-2010 година, објави денеска Светскиот економски форум. повеќе...

Економска слобода во светот

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид, Скопје ја има честа да го објави најновиот Индекс на економска слобода подготвен и објавен од Институтот Фрејзер. Хонг Конг е повторно прва на ранг-листа од 141 земја за економска слобода. Веднаш по Хонг Конг следуваат Сингапур, Нов Зеланд, Швајцарија, и Чиле. повеќе...

Програма за стажанти

Со цел да изградиме мрежа на млади перспективни експерти и истражувачи од целиот свет кои се заинтересирани за Балканот, регионот и Република Македонија, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД ја започна програмата за стажанти на кои им овозможува да дојдат и да бидат дел од тимот на Институтот ОХРИД и воедно да спроведат истражувања за Македонија и за регионот. Стажантите на Институтот ОХРИД ќе спроведуваат истражувања и ќе учествуваат во работата на Институтот ОХРИД со што ќе се здобијат со несекојдневно и доста корисно искуство и знаење во однос на регионот и воопшто за работата на еден тинк-тенк. По завршувањето на стажирањето, стажантите остануваат дел од Институтот ОХРИД, дел од идни проекти и соработка. повеќе...

Фридом Хаус

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД, ја има честа да го објави најновиот индекс на меѓународната невладина организација „Фридом Хаус“. Македонија и понатаму е земја на политички зависни медиуми, слабо судство и висок степен на корупција. Ова се оценува во најновиот извештај на меѓународната организација „Фридом хаус“, кој во земјите во транзиција анализира неколку критични параметри. Најлош рејтинг - 4,25 од можен најлош седум, Македонија има за слободата на медиумите и корупцијата. повеќе...

Соопштение за јавноста

Институтот ОХРИД ја имаше честа да ја публикува и промовира книгата „Препораки за развој на патната и железничката инфраструктура во Република Македонија“. Промоцијата на книгата се одржа на 10-ти јуни, среда а истата ја отвори и започна со воведен збор Извршниот директор на Институтот за економски стратегии и меѓународни односи „ОХРИД“, Скопје. За интересот и потребата за една ваква студија и книга сведочи и самата посетеност на промоцијата, имено, повеќе од 200 посетители ја следеа оваа промоција и покажаа огромна заинтересираност за истата. повеќе...

Промоција на книга

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД со особена чест и гордост Ве поканува Вас и Вашите соработници на промоцијата на публикацијата: „ПРЕПОРАКИ ЗА РАЗВОЈ НА ПАТНАТА И ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ИНФРАСТРУКТУРА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“. Оваа книга претставува исцрпно експертско истражување, анализа и разработка на податоци и информации од областа на транспортната инфраструктура. Автори на оваа публикација се тројцата експерти и еминентни инженери д-р Зоран Кракутовски, м-р Љупчо Тодоровски и м-р Горан Мијоски. Настанот ќе се одржи на 10-ти јуни, среда, во хотел Холидеј ин, сала миленум 1. Целиот настан ќе трае од 12:00 – 14:00. Ве молиме RSVP на е-маил: info@oi.org.mk или на тел/факс: 02/ 3 22 44 57. Однапред Ви благодариме за присуството.

повеќе

Промоција на книга

spend Од почетокот на 2009 година Владата на Република Македонија има потрошено:

За 2009 година Владата ќе потроши:

по жител

Пријави се на нашата маилинг листа:

oi-broschure

oi-broschure

Глобал

shadow